СТРАНЦИТЕ КРЕНАЛЕ РАЦЕ ОД ДУИ, ОДАТ ВО ОПОЗИЦИЈА: Спонзорот на тројната коалиција на албанскиот блок е надворешен фактор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај тоа што Алтернатива настојува дека не сака Беса да биде дел од тројната коалиција, Алијанса за Албанците, која е иницијатор и понатаму тврди дека тројната коалиција може да стане реалност.

-Има добра волја, се уште настојуваме бидејќи гледаме сигнали дека тоа може да се случи, инаку не би инсистирале-изјави Таравари.

За тројната коалиција не настојува само Алијанса за Албанците туку и внатрешни и надворешни фактори, со цел ДУИ да замине во опозиција, тврди Таравари. Тој е убеден дека тројната коалиција ќе има донесе сигурна победа.

-Сите тие фактори кои настојуваат да бидеме заедно, сакаат и сметаат дека време е ДУИ да замине во опозиција. Кога велам надворешни фактори подразбирам албанските држави во Балканот кои ги сметаме за браќа, пријатели, кои ни посакуваат добро исто како и ние на нив-вели Таравари.

Со реакција излезе ДУИ. Портпаролот Бујар Османи, рече дека неговата партија се залага малите политички фракции во опозицијата да станат заедно со цел да не и штетат на албанските интереси во земјата.

-ДУИ продолжува да ја поддржи својата легитимност кај албанските граѓани, а не кај надворешните и внатрешните фактори. Изгледа не можат да се помрднат од факторите кои ги создадоа овие фракции, затоа и ги спомнуваат во секој контекст-вели Османи.

Но, што ако тројната коалиција не стане реалност?

Можноста Алијанса да излезе сама на избори е мала, затоа Таравари вели дека ќе бидат обврзани да избираат меѓу Беса и Алтернатива. Не кажа која има повеќе шанси но вели дека имаат јасни бројки од направените анкети,

-Нашиот аналитички тим ни подготви бројки, дури и со гласачи, колку и каде имаме ние, и одредените партии, но соработката секогаш не се основа на бројки, едноставно некогаш е и програмската компатибилност на две партии но и целите на партиите-рече Таравари.

Генералниот секретар на Алијанса тврди дека за една недела сè ќе се финализира. Разговорите продолжуваат. Таравари вели дека со двете партии АА стигнал на завршна фаза од аспект на поделбата на функциите доколку не успее идејата за тројна коалиција.

Алтернатива и понатаму со став дека во Беса има лица со кои не можат да седнат на иста маса и дека поради тоа не сакаат да бидат во коалиција.

Раководството на Беса пред два дена потврди дека е отворена за тројна предизборна соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This