СТРАШЕВСКИ: Здpaвјето мое и наше е поважно од еден месец без cyдења во Kpивичен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во услови на пандемија во цел свет, во услови на зголемување на заштитните мерки од страна на Владата на Македонија, во услови на полициски час, и на најава на заострување на мерките и зголемување на траење на полицискиот час, но и што е најважно во услови на зголемен број на заболени – инфицирани од корона вирусот единствена институција која работи целодневно со цел капацитет е Кривичниот суд во Скопје како да е најважна работа без која не може да опстане државата.

Апелирам на разум и разбирање, несакајќи овој мој апел да биде сватен и презентиран на друг начин , овој мој апел е замолница да надвладее разумот бидејќи се работи за ЗДРАВЈЕТО ЗА СИТЕ НАС, и не би сакал да биде сфатен на никаков друг начин а најмалку како начин за мешање на работата на Судовите.

Додека Вие за Вас си донесовте одлука да доаѓате на работа на смени т.е максимум двајца членови на Судски совет да доаѓаат на работа и секојдневно да ротирате и додека пола од администрацијата воопшто не доаѓа на работа како зашита од коронавирусот ние адвокатите заедно со судиите, обвинителите, обвинетите но и вработените во судот, медиумите,невладиниот сектор,затворската полиција, судската полиција сме постојано изложени на ризик во судници каде некогаш се наоѓаме и по 30 но и повеќе луѓе.

Да се обидам да го разберам Вашето молчење што тоа го направивте и со поротничката во случајот ТНТ, но сега случајот е многу посериозен бидејќи со Вашето молчење може да предизвикате несакани последици т.е заразување на многу лица со корона вирус што на крај на ден може да предизвика и загуба на човекови животи.

Кога во регионот ниту еден суд не работи а тоа е направено со одлуки на Судскиот совет или Врховниот суд во зависност од поставеноста на судската влада во таа држава Вие чекате некој друг да одлучи за Вас бидејќи така сметате дека така е полесно понеодговорно,но за жал овој пат не е така бидејќи се работи за ЗДРАВЈЕТО НА СИТЕ НАС.

Донесувањето на општи одлуки каде ја префрлувате топката на претседателите на судовите не е воопшто одлука па затоа апелирам до Вас да донесите јасна одлука притоа земајќи ги во предвид мерките на Владата, за што и 75 високо квалификувани адвокати Ви дадоа предлог кој Вие до денес не успеавте ниту да го прокоментирате ниту анализирате .

Апелирам барем еднаш во вашиот мандат да донесете одлука а притоа да не чекате став од Министерството за правда како тоа што го направивте во почетокот на март каде направивте само copy/paste на предлогот на министерстово.

На крај да Ве потсетам што предложија 75 адвокати меѓу кои бев и јас поаѓајќи од фактот дека во овие моменти здравјето треба да биде највисок приоритет

Сите постапки во судовите привремено да се прекинат, а единствено да се држат рочишта каде по барање на надлежен обвинител треба да се одлучи за определување на мерка притвор, како и за оние случаи каде е утврдена кривична одговорност поради повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот;

По завршување на секое рочиште да се врши соодветна дезинфекција на салите каде ќе се одвива судско рочиште, да се дезинфицираат лифтовите и сите простории во кои ќе се движат странки, вклучително рачките на вратите и други површини кои често се изложени на допир на повеќе лица, како и да се мери температура на сите лица кои влегуваат во судот од службениот и сите неслужбени влезови;

Министерството за правда или судовите за секое лице кое ќе влези во судот да обезбедат заштитна маска и нараквици;

Со неносењето на ваков тип на мерки во услови кога СЗО прогласи пандемија а Претседателот Пендаровски вондредна состојба поради корона вирусот,се прогласи и полициски час кој е и зголемен во времетраењето, се најавуваат и други поригорозни мерки, се врши повреда на правото на животот заштитен со член 2 од Европската конвенција за човековите права на нас адвокатите но и на сите присутни во Кривичниот суд и директно се прекршува Кривичниот законик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This