СТРУМИЧАНЕЦОТ НЕМА СРЕЌА: Евровизија нeмa да се одржи поради кopoнавиpyсот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради состојбата со коронавирусот, под знак прашалник е доведено одржувањето на Евровизија, која е закажана за во Ротердам, Холандија, од 12 до 16 мај.

Од страна на организаторите се уште нема официјална најава за можно откажување на настанот, а претставници на ЕБУ (European Broadcasting Union) порачаа дека ќе ја следат состојбата и препораките на властите и на Светската здравствена организација (СЗО).

Според британски „Мирор“ постојат неколку можни сценарија, па дури и изведувачите да настапат во својата земја, а изведбата да се следи преку видео линк. Во тој случај, ќе биде намалена паниката и стравот од патувањето и можноста за ширење на коронавирусот.

Нашиот претставник на Евровизија 2020, Васил Гарванлиев ќе ја промовира својата песна ,,You” во недела, на Денот на жената, Осми Март на МТВ.

До денес, бројката на заразени од вирусот на светско ниво надмина 100.000. Во Холандија, земјата домаќин на Евросонг 2020 има 82 случаеви. Едно лице починало во Ротердам, градот каде е предвидено да се одржи настанот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This