СТРУЈА ВОДА И ВИЦЕ ФРАТЕЛО: Пред избори ќе им вклучиме, в понеделник ќе им исклучиме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Материјалите што ги објавува италијанскиот весник „Ла верита“ во аферата „купопродажба на гласови на парламентарните избори во 2014 година“, а се во владение на Јавното обвинителство, како што пишува италијанскиот весник, содржат индиции за сериозно прекршување на Изборниот законик за време на парламентарните избори во 2014 година.

Во документите објавени во видеовеста, а кои ги поседува и обвинителката Вилма Рускоска, стојат имињата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но и на неговиот брат Вице Заев, но и на првиот човек на струмичките социјалдемократи Марјан Даскалов и други видни сдсмовци од струмичкиот крај.

Главно за сите е организациската псотавеност на денот на изборите, кога за гласовите на Ромите плаќаат по 500-1000 денари од глас или, пак, се закануваат со вклучување и исклучување струја и водоводна мрежа, во што мозок на операцијата е Вице Заев.


Во видеовеста на „Ла верита“ се вели дека доказите за изборен криминал што се објавуваат се набавени со ПИМ (посебни истражни мерки), а во нив се споменуваат Зоран Заев (тогашен лидер на опозицијата), Вице Заев (негов брат), Марјан Даскаловски (член на СДСМ) и Зоран Георгиев од ЈП „Комуналец Струмица“, како купувале гласови за избори.

Имајќи го директорот на ЈП „Комуналец Струмица“ на своја страна, Вице Заев се поставувал како бог – па така, ветувал и спроведувал цевки за водовод во ромските маала, но и по изборите најавувал дека ќе ги извади.

НН лицето му кажува на Вице да му прати еден човек горе за да се проверат личните карти дали стојат. Ќе шетаат и со Шефкет, а ако не, во понеделник да го пушти со од Комуналец два-тројца, сите цевки да ги извадат…

Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев и една од негов колега. Една од двете менувачници, „Даскал“, е во сопственост на Марјан Даскаловски, кој исто така бил избран за пратеник во Собранието заедно со Заев, и бил претседател на локалниот огранок на СДСМ. Во случај сумата да не била доволна да се убедат граѓаните, се одело и до таму да се понудат градежни матетријали за градење куќи или пак поврзување на домовите со комуналната инфраструктура. Човекот што бил главен за испазареното поврзување со или исклучување од комуналната инфраструктура, оној што ги контролирал вработените во општината е директорот на ЈП Комуналец-Струмица, Зоран Георгиев. Тој, служејќи се со службените ресурси што му биле на располагање, се заканувал или ги казнувал тие што се двоумеле дали да соработуваат при гласањето, а секако ги наградувал оние другите, објаснува авторот на текстот во „Ла верита“, Ларис Гајсер за тоа како бил организиран поткупот во Струмица.

 

…Потоа Осман му вели пари од каде да најдам, на тоа Вице му вели ајде Османче, земете и завршете ја работата, после дојдете кај мене со чист образ, па да видиш јас како частам, стои во материјалите кои ги поседува обвинителката Рускоска.

Исто така, во истите материјали објавени во „Ла верита“ Вице нарачува отпуштања од работа за „непослушните“.

Вице го прашува Игор дали е вистина дека неговиот шура Ѓоко и дедо му биле на митинг на ВМРО, на што Игор потврдува дека е така, дека биле и дека Игор не е во добри односи со нив, на што Вице му вели на Игор да ги избрка шурата и шурнајката на Игор….

На истиот начин била „дициплинирана и бебиситерката на вработена во „ИГМ Елиница“, која била ангажирана како посматрач од ГРОМ на изборите.

„Ла верита“ стои зад автентичноста на фактите што ги објавува, а најави дека документите што ги поседува македонското обвинителство ќе ги објавува во три дела, од кои првиот го објави вчера.

амбер жената, мажот и сега гласаше за ВМРО сакам да ја исфрлиш. цела фамилија гласале за ВМРО. И тој Јашар што е трактористот кај нас кај Бранко што работи, наредува Вице Заев да се „дисциплинираат“ тие што гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Членовите на криминалната група според Ла Верита се добро познати лица кои цели 6 години на необјаснив начин се заштитени и не одговараат за својот криминал.

Според весникот, документите во рацете на македонското обвинителство инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од Зоран Заев.

Тој за време на парламентарните избори во 2014 г., како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев, пишува италијанскиот весник Ла Верита.

Материјалите објавени од „Ла верита“ објавени вчера предизвикаа реакција на експремиерот Заев. Заев рече дека тогашната власт немала докази, бидејќи во спротивно би го осудила.

Со истата верзија настапи и обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, која изјави јасно дека случајот не го процесуирала пред суд поради немање докази за кривично дело, но не објасни од која причина случајот тогаш не бил затворен веднаш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This