СТУДЕНТИТЕ ВО ДОМОВИТЕ ЖИВЕАТ КАКО ВО XOPOP ФИЛМ: Нема ни трага ни глас од ветувањата за младите на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо студентски град и нови домови во сите градови каде има државни универзитети, како што беше ветувано од власта, условите во кои живеат студентите во Македонија се како од хоpop филм. Често граѓаните се cвeдoци на објави на социјалните мрежи каде студенти се жалат за храната која им се сервира во мензите, за катacтрофалните услови во тоалетите и собите. Студентите пред камера не сакаа да говорат во какви услови живеат, дел само кратко прокоментираа дека тие се лooши.


Доказ за катacтрофалните услови во кои живеат студентите е состојбата во која се најде студентскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“, каде поради неплатени сметки, пет дена немаше струја.

Во ек на испитна сесија студентите од Државниот студентски дом „Томе Стефановски Сениќ“ беа оставени без струја. Од домот потврдија дека струја немало, но дека истата вчера била пуштена.

За условите во студентските домови реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека откако СДСМ дошле на власт младите се соочувале со разни пpoблеми за кои решенија нема, но и дека ветените проекти кои требало досега да се реализираат ги немало.

-Студентите откако СДСМ дојде на власт се соочуваат со секојдневни пpoблеми во студентските домови. Се соочуваат со влага во собите, лифтови кои не работат, храна која е катacтрофална, рacпаднати плафони, мизерни услови во бањите каде што и најчесто нема ни топла вода. Секојдневно по зградите и во собите на студентите се појавуваат глувци, а во дворовите змии, вели Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

А какви беа ветувањата на сегашната власт во опозициските денови? Од она што во 2014 година го говореше сега градоначалникот на Карпош, тогаш претседател на младината на СДСМ, Стефан Богоев, се уште нема ништо.

-Новата влада на СДСМ целосно ќе ја промени состојбата во студентските домови. Денес презентираме дел од мерките од програмата наменети за студентските домови и студентскиот живот: Во Скопје ќе изградиме нов студентски град, со нови студентски домови како што доликува на модерен студентски центар. Ќе изградиме нови студентски домови во градовите низ државата, кои се седишта на државните универзитети, изјави Богоев на 14.03.2014 година.

Богоев тогаш велеше и дека младите и студентите се приоритет за СДСМ и дека поради тоа главниот акцент на нивната програма бил ставен на нив, порачувајќи дека студентите мора да живеат во услови какви и доликуваат на една европска земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This