Стpaшно – Д-р Mexмедовиќ: Индиcкaта вapијанта на кopoнавирусот доведува до гангpeна, aмпyтaции нa cтaпалата и гyбeње нa cлyxот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гледано од клинички аспект, според првичните анализи кои ги добиваме од Индија и од Велика Британија, делта варијантата, односно индискиот сој на коронавирусот, е поврзана со зголемен ризик од тешка болест и хоспитализација, но и делумно различна клиничка манифестација на болеста, посочува д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје во интервју за Слободен печат кое ќе биде објавено во утрешното печатено издание.

– Постојат три симптоми кои ја разликуваат оваа варијанта од останатите кога е во прашање зголемен број на случаи со гангрени и ампутации на прсти и стапала како резултат на засиленото згрутчување на крвта, нешто што не беше вообичаено за алфа варијантата. Се развиваат микротромбови, кои се причина за силно изразени компликации на екстремитетите, изумирање на здравото ткиво и разој на гангрена кај еден од секои четири пациенти кои имаат нарушени параметри на коагулација. Таквите микротромбови се сретнуваат и во дигестивниот систем, во цревата. Како втор симптом кој е значително поизразен кај делта варијантата се проблемите на системот за варење.

Значително повеќе се јавува повраќање, пролив, гадење и намален апетит. Третиот поизразен симптом е нарушување или губење на слухот кај некои пациенти, оток околу вратот и воспаление на крајниците. Промената на клиничката слика кај делта варијантата укажува на зголемена агресивност на вирусот, што е дополнителна причина да го средиме неговото ширење на глобалната мапа – вели д-р Мехмедовиќ.

Извор: Слободен Печат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This