Стpoг кapaнтин до 14 февруари во Германија, забрaнети се платнени маски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај тоа што состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите на сојузните држави се уште трае, излегле голем број информации и содржината на документот со новите мерки.

Што е најважно, Германија оди во уште построга блокада што ќе трае до 14 февруари.

Меркел и лидерите на сојузните држави се согласиле дека покрај постојните, треба да се воведат и мерки за задолжително носење висококвалитетни медицински заштитни маски во продавниците и јавниот превоз. Ова ги вклучува т.н. хируршки маски и маските попознати по назнаките FFP2 и N95.

Според новите правила, на граѓаните ќе им биде забрането да носат платнени маски или шалови како замена за маските во јавниот превоз.

Покрај тоа, документот со новите мерки предвидува федералното Министерство за труд и социјала да издаде регулатива за работа од дома. Според неа, работодавците мора да им дозволат на вработените да работат од дома секогаш кога е можно. Ова ќе ги намали контактите на работа, но исто така и на пат кон работата, што треба да го забави ширењето на коронавирусот.

Исто така, од работодавците се бара да воспостават флексибилно работно време за сите оние кои треба да одат на работа и да избегнуваат гужви во јавниот превоз рано наутро и попладне. Ограничувањата ги содржи работниот документ што излегол од средбата меѓу Меркел и покраинските премиери. Бројот на нови инфекции се намалил, а притисокот врз болниците и единиците за интензивна нега малку е намален. Сепак, „падот на бројот на заразени во Германија мора дополнително да се забрза“ за да се спречи ризикот од ширење на новиот сој на коронавирус.

Германија е во вид на блокада од ноември, која првично требало да трае само четири недели и дефинитивно да заврши пред Божиќните празници. Во меѓувреме, училиштата, продавниците што не продаваат основни намирници, баровите, рестораните и забавните и културни објекти се затворени во земјата, со мерки што постепено се интензивираат од нивното воведување на почетокот на ноември. Во сила е и мерката според која едно домаќинство може да го посети само едно лице надвор од тој круг.

Во области каде има повеќе од 200 нови случаи на 100.000 жители, не е дозволено да се напушта куќата повеќе од 15 километри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This