Стpyjaта повторно пocкапува?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неизвесно е дали од август домаќинствата ќе плаќаат повисока цена на струјата, но се знае дека евтина тарифа сепак ќе има иако се говори во јавноста дека има размислувања дека таа треба да се укине. Регулаторната комисија за енергетика која ја определува цената на струјата за домаќинствата веќе ги има вообичаените извештаи за трошоците на компаниите кои учествуваат во пресметката и во јули ќе треба да реши дали домаќинствата ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Компаниите засега не калкулираат со висината на цената на струјата, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ која минатата година протестираше за повисоката цена на струјата, бара намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за овој енергенс, со што би се ублажил ценовниот удар врз граѓаните.

Од Регулаторната комисија остануваат на ставот дека во процентот од крајната цена на електричната енергија во којшто има влијание и го регулира, односно 38% од крајната цена за малите потрошувачи и домаќинствата, ќе ги преземе сите законски дозволени мерки за да нема зголемување на крајната цена.

Но, сепак регулаторот ќе мора да ги разгледа трошоците на компаниите и понудените цени пред да одлучи за цената на електричната енергија која ќе ја плаќаат граѓаните во текот на една година.

Податоците говорат дека производителот на електрична енергија АД ЕСМ ќе има загуби поради намаленото производство што ќе влиаје и на понудените количини и цена на електричната енергија за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Преносителот МЕПСО веќе објави дека е во загуба. Секако треба да се очекуваат и зголемени трошоци кај ЕВН која ќе треба да набави електрична енергија од ЕСМ за снабдување на домаќинствата, а ќе треба да ја плати и маржата и преносот на енергијата.

Универзалниот снабдувач на струја за домаќинствата ЕВН не калкулира со идната цена на струјата, но од таму велат дека сѐ ќе зависи од влезните трошоци.

– Поднесени се трошоците до Регулаторната комисија за енергетика согласно законските обврски. Кај ЕВН Хоум, која ги снабдува домаќинствата, цената најмногу ќе зависи од влезните трошоци за набавкa на енергија – велат од ЕВН.

Според актуелните прописи, ЕВН обезбедува најголем дел од потребната енергија за домаќинствата од АД ЕСМ која по закон е обврзана да обезбеди 70 отсто од потребните количини. Набавката се реализира на тендер на кој ЕСМ ја одредува цената на струјата. Оваа цена како и висината на тарифата за дистрибуција на електрична енергија, висината на маржата на универзалниот снабдувач која беше определена на 11,5 отсто, како и цената на електричната енергија од обновливите извори на енергија ја определуваат крајната цена која би ја барал ЕВН Хоум за крајните потрошувачи.

Од ЕСМ велат дека во текот на јуни 2021 ќе се направи процена на состојбата на термоелектраните и на хидро состојбата, по што врз основа на тие податоци ЕСМ ќе ја формира цената по која ќе обезбедува електричната енергија кон ЕВН Хоум за периодот јули-декември 2021 година.

– За периодот јануари-јуни 2021година АД ЕСМ ги продава законски задолжителните 70% од својата произведена електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, по цена од 38,8 евра за MWh. Другите 30% ги продава на ЕВН Хоум по просечна цена од 50 евра за MWh, што е пониско од берзанските цени – велат од ЕСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ која минатата година протестираше поради зголемувањето на цената на струјата сега бара намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто за електричната енергија со што би се ублажил ценовниот удар врз граѓаните.

– Цената на струјата е многу голем трошок за домаќинствата. Поради тоа ние уште кога ги правевме протестите сметавме дека надвор од разумот е носење на одлука за поскапување на цена на струја во услови кога имаме коронакриза. После месото коешто е најголема трошочна ставка или најмногу го оптоварува буџетот на едно домаќинство, доаѓаат житариците, а на трето место е струјата која учествува со 7,3% во домашниот буџет – изјави Гордана Димитриеска Кочоска.

И покрај воздржаноста на вклучените во процесот на одредување на цената на струјата, сепак меѓународните финансиски институции веќе најавија дека цената на енергенсите ќе има влијание на инфлаторните движења. Тоа го потврди и Народната банка во своите последни проекции.

Лани Регулаторната комисија за енергетика ја зголеми цената на струјата за 7,4%.

Извор: Плусинфо

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This