СУДИЈАТА ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ, ЗА СУДСКАТА „ПУПКА“: Судската пупка – Хилда мешкова!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија е заробена држава, држава на послушници на една секта на власт и дефинитивно држава од најлошиот мафијашки тип на картелско политичко владеење на странски сили преку октроирано државно уредување!

Веќе две години во Република Македонија царува систем предводен од луѓе контролирани од перверзни типови т.н претставници на меѓународната заедница кои во своите перверзии лечат само сопствени фрустрации бидејки дефинитивно се работи нереализирани луѓе во сопствените држави, болни умови и ништо повеќе, на овие болни умови им се потребни домашни умоболници, а таквите овде во Македонија ги имаат на располагање во голем број и на крајот се се крши по грбот на граѓаните.

Поводот за денешниов текст е отварањето на една од ПУПКИТЕ НА НЕЗАВИСНОТО СУДСТВО, судивката ХИЛДА МЕШКОВА од Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Денес во попладневните часови добив телефонски повик од мојот адвокат кој ме застапува во измислената и нарачана граѓанска судска постапка од 2016-та година против мене за МОБИНГ поведена од шарениот револуционер советникот на премиерот Зоран Заев за труд и социјална политика оној вечниот судски службеник од дното на судските ходници Горан Стаменковски, но тема на објавава не е тој со неговата маленкост бидејки него во судството сите го знаат и нема потреба зборови да се трошат за ова човечуљче советник на “македонскиот папет”

Како што јавноста знае Апелациониот суд во Скопје во месец јуни оваа година ја укина пресудата на судивката ХИЛДА МЕШКОВА по која оваа анонимна и очигледно неписмена судивка се прослави како ПУПКА. Повисокиот суд тогаш и го врати предметот на повторно одлучување, покажувајки ја нејзината неписменост и треснувајки ја од земја пресудата на оваа судска пупка по сите правни основи.

И навистина би се изненадил дека оваа донекаде и овената судска пупка по лик и убедување би донела некоја поинаква пресуда од онаа претходно донесената во која освен што зборот мобинг го има во насловот нема ниту буква “М” од постоење на мобинг, но не е ни важно. Впрочем за нејзините намери таа самата се фалела дека ништо не ја интересира и таа си суди како сака и прави што сака, впрочем сиромашката така и мора, такво е времето, време на пупките па на крајот на краиштата суди по тужба на човек од власта па од нејзино “отворено како пупка” гледиште како и би било поинаку?!

Е сега попладнево мојот адвокат ми пренесе вест дека го добил најновото творештво, нова пресуда од оваа судска пупка иако по правилата на законите и судската постапка требало барем најпрво да ми ја достави пресудата на повисокиот Апелационен суд која до денес ја немам добиено ако не на мене барем на моите адвокати но пресудата воопшто не е доставена. Е ајде тоа не го направила но требало барем ако суди и пресудува да достави покана за судење и да одржи судење за странките, ако не до мене барем до моите адвокати но ни тоа не е сторено и одеднаш ПРЕСУДА КАКО ПУПКА РАСЦВЕТАЛА СУДСКАТА ПУПКА ХИЛДА И ДОНЕЛА НОВА ПУПКА ПРЕСУДА ИСТА КАКО ОНАА ПРЕТХОДНО УКИНАТАТА НОРМАЛНО НА МОЈА ШТЕТА И ГИ ЗАДОВОЛИЛА СТРАСТИТЕ НА ВЛАСТА! Можеби ви е чудно можеби не, но јасно е како реформираното судство суди и пресудува, само без странките со порачка – ало од власта и советниците!

Не заборавајте реформата кај судот и судиите оваа денешнава не е во почитта од грандиозноста и правниот квалитет на нивните одлуки, туку од допадливоста на оние на власт или нарачките од калемот на партијата! Да тоа е реформата и реформското тело!

Сето ова мене лично повеќе не ме оптоварува ниту ме разочарува, мене досега ми е јасно како функционираат ваквите судски пупки против кои се борев изминативе 23 години колку што имам стаж во правосудствово, и не се откажувам до последниот здив. Досега им покажав многу и уште многу ќе им покажам мојата посветеност и борба за право и правда е животна определба.

Пресудата на пупката Хилда Мешкова е само парче хартија по квалитет и вид иста како онаа тоалетната, зависи само што има намера да се избрише дали е пупка или чесен судија ги има и многу чесни меѓу пупките, но малку се за да се борат со состојбата во која се наоѓаат уплашени за себе и својата позиција за животната егзистенција за што ги сожалувам. Иако се чесни, нивната инертност ги прави исти со пупките кои сега цветаат и цветаат, но пупките одат со трње, а кога ќе овенат останува само трњето!

Поздрав и поддршка до сите правдољубиви кои имаат доживеано неправда од судството и обвинителството и воопшто сите кои се разочарани од правосудниот систем на Република Македонија, сите вие самокритични и реални не се разочарувајте, судските пупки не се вредни за вашето разочарување тие се политички калемени со години некогаш се сваровски некогаш се бисерни тешко е да се победат и уништат.

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ ОД ЈУНИ ОВАА ГОДИНА:

ОВА ГО НЕМА НИТУ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Судии се фалат по ходници дека ќе добиеле унапредување од Заев за изречена пресуда!

Пишува
Владимир Панчевски
Судија
ФБ Статус

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=353533145417466&id=100022823505483

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This