April 30, 2024, 10:20 am

СУДИЈАТА ВО „ТОПЛИК“ И „ТИТАНИК“ ШТИТЕЛ НАСИЛНИЦИ: Случаите на СЈО Топлик и Титаник ги води судија кој одбивал да ја извршува својата службена должност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целата јавност веќе одамна се откажа од размислувањето дека во македонското правосудство навистина ќе има реформи, додека Владата декларативно само на хартија се залага за реформите. На сите им е јасно дека со политички монтирани случаи не може да има реформи во системот и конечно да се задоволи правдата во државата.

До нашата редакција секојдневно пристигнуваат информации за прераспределба на судии според списокот на прифатливи судии кој го имаат на Бихачка. Таков е и случајот со судијата Осман Шабани кој е ги води случаите на СЈО Топлик и Титаник. Судијата Шабани пред неколку години бил прераспределен поради случајот со инцидентите на Бит Пазар кога ги штител инволвираните во тогашните настани и одбивал да постапува по случајот. Тој сега ги води конструираните политички случаи на СЈО Топлик и Титаник бидејќи важи за послушен судија близок до СДСМ кој ќе пресуди како што ќе му кажат.

Според тогашната одлука на судскиот совет за прераспределба, судијата Осман Шабани не покажал спремност да одговори на сите работни задачи кои се јавуваат како за време на работното време, така и за време на дежурствата. Одеднаш Шабани стана голем судија кој не одбива да постапува и навреме ги извршува своите работни задачи.

Играта е очигледна, а финалната цел јасна, Заев сака да се пресмета со сите свои политички неистомисленици и да заврши еднаш за секогаш со одамна започнатиот политички реваншизам против најголемата опозициска партија.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This