Судија на САД го запре привремено указот на претседателот на САД за миграцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден американски федерален судија, ја запре привремено депортацијата на луѓето со визи или на бегалци, кои останале заробени на разни аеродроми низ светот, по најновиот указ на претседателот на САД, Доналд Трамп.

tramp_sinhua

Трамп в петок потпиша указ, со кој се забранува на четири месеци влез во САД на бегалци и мигранти, кои имаа право на влегување според претходно донесената програма за прием на луѓе од кризните зони и воведе 90 дневна забрана за патување во САД на државјаните од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.

Одлуката на федералниот судија е донесена врз основа на тужбата на американската Унија за граѓански слободи, што беше покрената веднаш по потпишувањето на претседателскиот указ.

Според сознанијата на Унијата, што ги пренесуваат американските медиуми, околу 200 лица останале заробени по аеродромите или во транзитните зони, затечени со указот на Трамп.

Со овој документ, беа блокирани веднаш по пристигнувањето во Америка оние кои веќе беа тргнати на пат или кои беа во транзит зоните по аеродромите, чекајќи да го продолжат летот кон САД, иако имаа уредни американаки визи или имиграциски документи, за дозволен влез на американаката територија.

Претседателот Доналд Трамп, вчера им се пофали на новинартите дека неговиот указ за запирање на влез на државјаните од седум муслимански земји, „ функционирал многу добро“.

Дестици илјади луѓе демонстрираа пред аеродормските згради во повеќе градови на САД против оваа одлука на претседателот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This