Судот и дозволи на Америка да ја прошири жалбата, одлуката за еkстрадиција на Асанж во октомври

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врховниот суд на Велика Британија го одобри проширување на доказниот материјал за жалбената постапка по првостепената одлука на британскиот суд, кој одлучи да не се дозволи екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД поради наводна шпионажа.
Судијката на Окружниот суд Ванеса Барајтсер донесе одлука против екстрадиција на Асанж во јануари, објаснувајќи дека најверојатно ќе изврши самоубиство во тешки затворски услови во САД, по што се жалеше американската влада, пренесува АП.
Британската адвокатка Клер Добин, која ги застапуваше интересите на американската влада на денешното рочиште, изјави дека Асанж, кој, според нејзините зборови, „оркестрирал една од најголемите кражби на податоци во историјата“, не е толку ментално болен за да се повреди или наштети.
Таа рече дека одлуката да престане да се гони или екстрадира поединец бара дијагностицирање „ментална болест што значи дека лицето ја загубило секоја способност да се спротивстави на желбата да се убие“.
Добинова се обиде да ги дискредитира доказите на психијатрискиот експерт за Асанж, кој беше клучен сведок, обвинувајќи го дека го довел во заблуда судијата, прикривајќи го фактот дека 50-годишниот Австралиец имал две деца додека се криел во еквадорската амбасада во Лондон.
Двајца судии на Врховниот суд денеска се согласија да им дозволат на американските власти да ги прошират доказите за да поднесат жалба на првостепената одлука, така што конечната пресуда се очекува во октомври.

Асанж (50) го следеше сослушувањето преку видео врска од лондонскиот затвор Белмарш со високо ниво на безбедност, во кое беше затворен од 2019 година.
За време на денешната судска седница, поддржувачите на Џулијан Асанж, меѓу кои и поранешниот лидер на Лабуристичката партија Џереми Корбин, се собраа пред Високиот суд за да му дадат поддршка.
Во 2019 година, Соединетите држави го осудија Австралиецот на 175 години затвор по 17 точки за шпионажа, откако амбасадата на Еквадор, каде што беше од 2012 година, го предаде на британските власти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This