СУДОТ ЌЕ БАРА ПРИСИЛНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ГРУЕВСКИ: Судот нема да го чека Груевски до среда, во вторник ќе побара присилно спроведување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осудениот Никола Груевски има рочиште дури во среда кога треба да се појави во суд за предметот „Титаник“. Но судот нема да чека до тогаш за да му биде врачено решението на Кривичниот совет со кое се одбива неговата жалба.

Од Кривичниот суд велат дека утре ќе ги направат последните напори да го пронајдат Груевски, но доколку судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе побара присилно приведување од МВР или распишување на потерница.

„Ако судот одлучи дека Груевски ја избегнува одлуката, веќе во вторник следните чекори се присилно да биде спроведен во придружба со полицијата или издавање на налог за апсење, што е во согласност со судската пракса“, велат од судот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This