СУДСТВОТО ОТВОРЕНО КАКО ПУПКА: Обвинителката Вилма Русковска била учесник во протестите на „шарената револуција’’?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали уметниците, парламентарците и останатите обвинети за настаните од 27 април 2017 година, ги обвинува обвинителка учесник во „шарената револуција’’?

Кривичната постапка има повеќе начела врз кои е заснована. Основни од нив се начело на барање на вистината и начело на правична постапка. Прифатено е дека вистинитоста и правичноста се нешто повеќе од само начела на постапката. Тие воедно се е и основни вредности и цели врз кои е заснована кривичната постапка. Но, барањето на вистината и правичноста како начела и вредности се и поврзани. Само правичната постапка е подобно средство и прифатлив начин за откривање и утврдување на вистината.

За доследно спроведување на овие вредности и начела најдиректно се задолжени и одговорни обвинителите, кои обвинуваат и судиите кои судат и пресудуваат. За нив се претпоставува дека се стручни, способни, компетентни, непристрасни, објективни и независни во постапувањето и одлучувањето во кривичната постапка.

Денес, 22 август 2018 година отпочнува судењето на уметниците, парламентарците, припадниците на Министерството за внатрешни работи, вработените во Собранието на Република Македонија и членовите на македонските патриотски здруженија за настаните од 27 април 2017 година. Сите нив пред основен суд Скопје 1, Скопје ќе ги обвини обвинителката Вилма Русковска. Основано и со право се поставува прашањето дали таа може да биде непристрасна, објективна и независна обвинителка во овој кривичноправен случај? Подолго време во јавноста се присутни информациите дека таа била учесник во ‘’шарената револуција’’, т.е. активно учествувала во протестите. Оваа информација е од јавен интерес и затоа ги поставувам следните конкретни прашања:

Директно прашање до госпоѓата Русковска:

Дали сте биле учесник во протестите на ‘’шарената револуција’’?

Прашањa до јавниот обвинител на Република Македонија, господин Љубомир Јовески:

Дали како јавен обвинител на Република Македонија сте запознаени со информацијата дека обвинителката Вилма Русковска учествувала во протестите на „шарената револуција’’?

Дали мислете дека во наведениот кривичноправен предмет таа може да постапува непристрасно, објективно и независно, доколку била инволвирана во ‘’шарената револуција’’?

 

Пишува:
Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This