СУСПЕНЗИЈА НА РАКОВОДИТЕЛОТ ВО АМС: Заради  неговото несовесно работење избил скандалот со објавување на песни со говорна омраза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раководителот на секторот млади доби суспензија од директорот Дарко Каевски. Заради  неговото несовесно работење избил скандалот со објавување на песни со говорна омраза во стихозбирка издадена со државни пари. Според првиот човек на агенцијата вина сноси и комисијата која го правела изборот за наградување на најдобри песни од конкурсот. Каевски денеска повтори дека жири комисијата имала должност да ја направи селекцијата но немала обврска да го достави материјалот до печатницата.

Каевски утврдил одговорност и кај печатницата која била избрана по пат на лицитација за најповолна понуда. Тврди дека според законот за издавачка дејност, тој не можел да биде уредник ниту пак Агенцијата издавач. Од печатницата информираат дека е направена грешка но тоа било сторено бидејќи во материјалите за печатење не биле доставени потребните информации.

Утврдивме дека не ни се доставени сите потребни податоци за печатење на публикацијата, односно не беше доставен импресум, ЦИП, вклучително и соодветните податоци како што се издавач и уредник, велат од печатницата.

Од Агенцијата за млади велат дека ќе се бара одговорност и за дополнителниот скандал со авторството на песните. Полицијата ќе го истражувала случајот со крадење на идентитетот на младиот Пиљаковски од неговиот ментор по математика кој заради возраста не го исполнувал критериумот за учество на конкурсот.

Инаку Каевски денеска на прес конференцијата објави дека вредноста на целиот проект за издавање на стихозбирката изнесувал 170 илјади денари, или 20 илајди повеќе од сумата која ја објави завчера. Буџетот од 150 илајди денари претходно бил утврден и со одлуката за реализирање на проектот на кој тој го ставил својот потпис.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This