Сцената е подготвена, глумците се спремни, ова е новиот „нинџа“ на Лиле Стефанова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ептен “независниот” судија Трпков и уште по “независната” обвинителка Лиле Стефанова веројатно долго размислувале како да ја демонстрираат својата “независност” и “непристрасност” па на крајот заклучиле дека треба да го натемпираат главниот уценет сведок на обвинителството кого го “држат за јајца” – Александар Ивановски, наречен Алек Тера Нова, во поново време нарекуван и Нинџа 2(“блескава” титула за која и Мартин Протогер најавил кандидатура) да го донесат да сведочи во судот на три дена пред изборите.

Во случајот “Плацеви Водно”, те Стефанова се вакцинираше па имаше одлагање на рочиште, те судијата одеше по погреби па не стигна да заврши едно судење, те претходно програмиле кој ден што ќе помине, и на крајот… хоооп… уценетиот Алек во предметот Империја, каде исто така го спремаат за “сведок-местач” на другите во предметот, претходно дополнително фатен во криминал со контроли на неговите фирми, преплашен да не оди во затвор за откриените криминали, ќе глуми чесен сведок што ја говори вистината во процесот наречен “Плацеви Водно” утре во четврток, три дена пред избори.

Инаку сите тројца се во исчекување на награда од Заев а како што досега бидуваше најмалку двајца ако не и тројцата ќе ги излаже. За судијата Трпков велат дека ветено му е унапредување во апелациониот суд. Стефанова се надева на завземање на местото на Вилма Русковска а Алек Тера Нова да не оди во затвор и ако може и некоја плус локација за градење згради на неговите градежни фирми.

Сцената е подготвена, глумците се спремни, режијата досега успешно спроведена, светлата вклучени и се чека публиката и преставата да почне.

Алек Тера Нова толку влегол во “филм” што побарал и државно обезбедување а неодамна во Скопје од неговото возило му изрекол закани и непристојни довикувања на еден од адвокатите на одбраната бидејќи го спомнал во судницата.
Тој е во филм дека власта уште долго ќе владее и ќе го штити ако слепо и беспоговорно и служи местејќи други луѓе, а тој ќе си гради згради на најубавите локации во Скопје, ќе се богати и ќе се заканува на адвокатите, а дека тие што ќе ги намести нема никогаш да излезат од затвор или да се вратат во земјата.

Само со вакви не доволно зрели ликови со превисоко мислење за себе Заев може да конструира случаи против оние кои му се на листа за острели и да верува дека вакви ликови ќе го спасуваат во вториот круг на изборите.

Ќе конструира се додека тој, заедно со Алек, Лиле и целата банда не дојде ден да одговораат за сопствениот криминал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This