Сypoва oдмaздa за cмpттa на 13 aмeрикaнски мapинци: Со paкeта бeшe рaзнeceн глaвниот плaнeр на Ислaмcката држaва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сурова одмазда извршена по експлозија во близина на аеродромот во главниот град на Авганистан, кога загинаа повеќе од 170 луѓе, вклучително и 13 американски маринци.

Пентагон потврди дека ракетата испукана од дронот го елиминирала главниот планер на Исламската држава Хорасан (ИСИС-К), која ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад недалеку од аеродромот во Кабул, кога загинаа повеќе од 170 луѓе, меѓу кои и 13 американски маринци!

Бруталната одмазда беше извршена со одобрување на Џо Бајден, претседателот на САД, кој рече дека екстремистите скапо ќе платат за самоубиствениот напад и дека нема да им се прости.

Убиен во автомобил

Акцијата на американската армија следеше помалку од 48 часа по нападот во Кабул, а според Дејли Меил, главниот планер на џихадистите бил ликвидиран додека бил во автомобил со своите соработници во провинцијата Нангархар, на исток на Авганистан. -Извршивме сеопфатна антитерористичка операција против планерите на ИСИС-К. Првите резултати покажуваат дека целта е елиминирана. Сигурни сме дека нема цивилни жртви – изјави Вилијам Урбан, портпарол на американската морнарица.

Беспилотно летало со ознака „МК-9 рипер“ полета од Блискиот Исток, а жителите велат дека во петокот околу полноќ слушнале неколку силни експлозии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This