„Табличките на автобусот на Беса Транс не постојат“- Хусеини прстот го вперува кон МВР и Царина, од таму молк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи испрати извештаи за неспроведување на анти-ковид мерките за автобусот кој ја предизвика трагедијата во Бугарија. Во тие извештаи се евидентирани регистарски таблички кои не постојат, откри синоќа во „Клик Плус“ на  ТВ21 директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини.

На прашањето сали автобусот е нерегистриран, Хусеини одговорил дека табличката на овој автобус не постои.

„Ја поминал границата над 130 пати. Јас добив 58 извештаи од Министерството за внатрешни работи од „Деве Баир“ и сите регистарски таблички на возилата се регистрирани. И јас ја имам оваа регистарска табличка. Но, тоа не е тој автобус. Табличката на овој автобус не постои“, вели тој.

Хусеини зачуден како Царинската управа дозволила автобусот на „Беса Транс“ да ја помине границата без лиценца. Вели дека царината има законска обврска да го извести Инспекторатот ако некој автобус не поседува лиценца, додавајќи дека царинарниците не смееле да му дозволат да излезе вон државата.

„Јас не сум одговорен за ова што се зборува дека ја поминал границата 130 пати и што не е регистриран никаде, и јас се чудам. Јас не добив никакво известување од Царинската управа дека автобус на Х (икс) компанија ја поминал границата без извод од лиценца, и покрај тоа што има законска обврска да ме извести и да не дозволи автобусот да ја помине границата. Едно нешто е јасно – ако нема извод, не смее да ја помине границата“, истакна Руфат Хусеини.

Во однос на овие две прашања, ТВ21 побара одговор и од МВР и од Царинската управа, но до овој информативен магазин не добиле одговор.

Инаку, во пожарот кој изби во автобусот на „Беса Транс“ на 23 ноември во Бугарија додека се враќаше од Турција трагично настрадаа 45 патници, а со повреди се здобија 7 лица.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This