Така се прави тоа: Новинарите си заминале бидејќи премиерот на Хрватска доцнел на прес конференцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што беше претходно било најавено, премиерот Андреј Пленковиќ требало да им се обрати на медиумите денес, но бидејќи доцнел еден час, новинарите се разотишле.
Обраќањето на Пленковиќ било објавено за 13 и 30 часот.
Откако тој не се појавил дури и по еден час, новинарите кои известуваат за работата на владата заминале, бидејќи во тој час никој не им дал информации зошто доцни премиерот, известија на вестите на ТВНова.
Владата се правдала дека не знаеле како да проценат колку може да трае состанокот, наведоа и додадоа дека ова, сепак, не е прв пат премиерот да доцни на закажаните прес-конференции.

Премиерот требало да се огласи по состанокот на владејачката коалиција.
Потсетуваат дека на вчерашната конференција Пленковиќ ги критикувал медиумите да не пишуваат за фактите, туку за впечатоците за тоа што и колку е направено во со емјотресот погодената централна Хрватска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This