Во C3O пpeплашени – Состојбата во ЕУ алapмaнтна: Во паниka се бapaaт пocтpoги мepки поради опacнаста сopта на кopoна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација ги повика европските земји да сторат повеќе за сузбивање на новата варијанта на корона вирус која прв пат е откриена во Велика Британија. Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге рекол дека се потребни поостри мерки за се спречи зголемувањето на бројот на случаи. Тој истакнал дека 22 европски земји сега имаат случаи со новиот сој, нарекувајќи го тоа „алармантна ситуација“, пренесува Би-би-си.

Откако за прв пат беше детектирана во ноември минатата година, новата варијанта на корона доведе до скок на случаите во Велика Британија. Нејзиното ширење загрижи многу европски земји кои веќе воведоа блокади за да го запрат порастот на инфекцијата во текот на зимата.

Здравствените стручњаци велат дека варијантата е значително попренослива од претходните соеви, но не и нужно поопасна за заразените. Но Клуге рекол дека „зголемената преносливост и сличната тежина на болеста“ го „зголемува алармот“.

– Без засилени контроли кои би го забавиле ширењето, ќе има зголемено влијание на здравствените установи кои веќе се под стрес и притисок, додал тој.

Инаку, појавата на новиот сој во југоистична Англија покрена низа ограничувања на патувањата со десетина земји во декември. Но и земји надвор од Европа, како што се Јапонија, Канада и Австралија пријавиле случаи на новиот сој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This