Такер Карлсон доби слика со Александар Македонски од тимот на Conservative.mk

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот водител на Фокс Њуз, Такер Карлсон изминатава недела се наоѓа во Унгарија се чини еден од последните бастиони на конзерватизмот. Само пред неколку дена тој го сними брилијантнотo интервју со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а веќе денес се сретна со тимот на Конзерватив.мк на чело со Стефан Василевски.

Она што е интересно е подарокот кој го доби Карлос од Conservative.mk, а тоа е дигиталнa pop арт слика со моќни пораки на кој се наоѓа и ликот на Александар Македонски.

-Поклон до Такер Карлсон, дигитална “POP art” слика 65 х 50 cm од Стефан со посебно значење и толкување. Каква е симболиката на сликата?

With the Fox News legend and world leading conservative reporter TUCKER CARLSON!
Tucker Carlson Tonight – the most-watched cable news show in USA.

Gift to Tucker: Digital POP Art, 65 x 50 cm

СИМБОЛИКА НА ОВА 🎨 ДИГИТАЛНО “ПОП-АРТ” ДЕЛО:

Лево е претставен Такер Карслон во облека на супермен според филмот „Човекот од челик“ во режија на Зак Снидер. Супермен е познат како „бранител на човештвото“, но главната симболика е всушност опасноста со која се соочува денешната цивилизација во споредба со планетата на супермен Криптон. Во филмот, Криптон се распадна одвнатре, слично како што се вели и за римската империја дека единствен начин да се распадне е од одвнатре, од самите себе.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО НА КРИПТОН ЗА ДА ДОЈДЕ ДО РАСПАД? ЕУГЕНИКА

Еугеника е примена на наука или биосоцијална програма со цел создавање на здрав и силен подмладок и спречување на инфериорност. Технолошко односно вештачко влијание за трансформација на човекот. Начело звучи добро, но од политички аспект вакви социјални експерименти може да бидат искористени за креирање на сосема спротивното. Луѓето од планетата Криптон ја коростеа оваа техника за креирање на супер потомок. Тоа го правеа со замена на традиционалниот метод на гестација ставајќи ги децата во специјални инкубатори наречени „the genesis chamber“. Одвојувајќи ги од традиционалното семејство. Тоа што не се предвиде е дека одвоени од својата мајка, децата ќе имаат недостатокот од „дрогата на поврзаност“ односно окситоцин кој бебето го добива при нормални услови на раст. Окситоцин е хормон кој е и невротрансмитер, а се верува дека делува и врз социјално врзување, однесување, доверба , емпатија. Некои научници го поврзаа овој хормон со негативни емоции и агресивно однесување (при недостаток).

КАКО Е ОВА СЛИЧНО СО ДЕНЕШНИОТ СВЕТ?

Подржувам наука, подржувам прогрес, дури и глобализација, но во моментов се случува максимална трансформација на човештвото и обид за социјален инжинеринг: стануваме зависни од телефони, социјални мрежи, го губиме чувството на социјална интеракција, со пандемијата дополнително ни беа одземени социјалната и едукативна интеракција преку прекин на работата на училиштата, факултетите, забрана за семинари, фестивали и друг вид настани. На сето ова ако ги додадеме политичките експерименти со идентитетот како “cancel culture”, бришење односно редефинирање на историја, обојување на секој проблем со идеолошки карактер (екологија, глобализација, џендер политика и слично), ќе разбереме дека сето тоа може да доведе до распад на човештвото како што досега го знаевме. Ќе станеме помалку социјални, ќе го изгубиме хуманото во нас и ризикуваме да станеме луѓе без никакви чувства на припадност, морални вредности и емоции.
Во таа насока, ДА ЗА ПРОГРЕС И НАУКА, но мораме да се бориме и да ги зачуваме дел од ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ како фамилија, дружба со пријатели, етика, морал, чувството на припадност и сакање на своите држави, нации, без да ги мразиме другите, да си ја негуваме историјата таква како што била. Од лошите примери да учиме, без да ги бришеме. Форсирано бришење на историја е уште еден глупав експеримент, а аргументот е дека од денешна перспектива, дел од историјата била „лоша“ и „навредлива“. Па може и ние денес од некоја идна човечка интерстеларна цивилизација ќе изгледаме смешно, грешно дури и лошо, па дали тоа значи дека треба да сè избрише се што градиме и ствараме денес? Или пак да го „преуредат“ како што тогаш ќе им одговара? Секако дека не. Човекот секогаш ќе напредува и ќе се трансофмира, но не смееме да дозволиме да ни се случи комплетна дехуманизација.

Ако некој човек влијание на најмногу луѓе во светот во одбрана на етичките, морални, традиционални и слободарски вредности на човекот, тогаш тоа најдобро го прави Такер Карлсон. Затоа и неговото шоу “Tucker Carlson Tonight – FOX NEWS” е најгледано во САД. Чест и задоволство е да се запознае во живо, а да се надеваме дека со сериозна логистичка и финансиска поддршка, еден ден ќе го донесеме и во Македонија.

Останатите симболи се лав (гордост, храброст) кој е исправен нагоре што би симболизирало можна надградба во кариера, а и како што веќе често се шпекулира – кандидат за претседател на САД во оваа или следната декада.

Најдоле на сликата е Такер како младо момче, а десно од него е POP-Art портрет на Александар, симболизирајќи дека моментално Карлсон е на врвот во САД, но со своите идеи и заложби треба да придонесе повеќе и во интернационалната борба на конзервативците со цел да биде и тој еден ден „Д Грејт“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This