ТАКСИСТИТЕ ДО ШИЛЕГОВ: Тргнете ги дивитe таксисти, доста ни го јадат лебот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нелиценциpaни возила без таксиметри, преполни такси-станици од нeлeгaлни таксисти, неприjaвени такси-возачи, лебот на таксистите им го земаат пензионирани полицајци, пожарникари и воени лица, ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат таксистите, информираше Сашо Рајчановски, претседател на групацијата за автотакси-превоз. На прес- конференцијата од такси-станицата кај „Ловец“, тој повика надлежните инститруции да излезат на терен и да го решат хаосот што владее во такси-превозот, пренесува Макфакс.

 

„Во моментот низ улиците на Скопје возат 5000 возила, а издадени се 2.400 лиценци. Бројот на вработени е три пати помал од реалната бројка на таксисти кои нелегално работат. Меѓу нив има пензионери кои возат такси, а најголем проблем се пензионираните полицајците, кои не се kaзнуваат бидејќи колега на колега не пишува kaзна. На станиците кај Бит-пазар, Клинички центар и Транспортен центар, услугите се наплаќаат трипати повеќе и го уништуваат угледот на такси-превозот. Има закони, има одлука на Град Скопје, има правилник со кој е регулиран такси- превозот, но тоа во пракса не функционира. Затоа ги повикуваме надлежните институции и инспекциим да излезат на терен бидејќи знаеме дека ако се има волја, за 10 дена може да се реши хаосот со такси-превозот“, изјави Рајчановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This