ТАЛАТ СЕ ИСЧАЛАМИ ДЕКА НЕ „ПОЗНАВАЛ ПОИМ СТРАВ“: Талат Џафери кажа дека не знаел за поим страв, но се криеше маскиран по полициски комбиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас не познавам поим страв. Тоа вие од ВМРО-ДПМНЕ многу добро го знаете. Јас немам од што да се плашам, му рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на почетокот на седницата за пратенички прашања.

Илија Димовски бараше процедурално да говори, но Џафери не му дозволи затоа што партијата ВМРО-ДПМНЕ известила дека тој повеќе не е координатор. Откако Димовски инсистираше и не сакаше да замине од говорницата, Џафери му дозволи и рече дека граѓаните се тие кои ќе ги ценат постапките на пратениците.

– Барам список на поставени, а неодговорени прашања, да се објави на веб-страницата на Собранието и да се испрати до медиуми заради транспарентност. Барам да констатирате кои членови на владата се присутни тука. Не може со пола влада тука да си играме пратенички прашања и да глумиме транспарентност и отчетност. Тоа е непочитување. Јас знам дека се плашите кога ќе излезам јас на процедурално, но ова мора да се одговори – рече Димовски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This