ТАЛАТ СИ ЈА ОДБРАНИ СЛУЖБЕНИЧКАТА: Нека зема приход од две места, секој има право на дополнителен приход, во Собрание вработен и нејзиниот брат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, на одлуката објавена во „Службен весник“, Собранието ги paзреши стариот претседател и 21 член на Републичкиот совет за безбеднocт во сообраќајот, поради истек на мандатот, а именува нов претседател и нови членови на ова телo, пренесува А1 ОН.

За активностите тие добиваат месечен паушал (надоместок). Меѓу новоименуваните е и Вјолца Бајрами од Куманово која е вработена во кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, и е магистер по правни науки од Куманово.

Таа во Собранието е вработена како кабинетски службеник за правни и политички прашања. Кога ја побаравме Бајрами на телефон, не знаеше дали е именувана во ова тело и рече дека треба да провери. По проверката потврди дека таа била предлог на Комисијата за избор и именувања.

Нов член на РСБСП е и младиот правник Виктор Велевски од Кавадарци. На неговиот профил на „Фејсбук“ пишува дека е член на СДММ и споделува објави од функционери од СДСМ. Член од вчера на РСБСП е и дипломираниот правник Оливер Лукаровски од Прилеп, за кого медиумите објавија дека бил во потесен избор за кандидат за градоначалник на СДСМ за Кривогаштани на изборите во 2017 година. Нов член на ова тело е Никола Чачо, дипломиран политиколог од Струмица.

Советот на Општина Струмица во 2016 година го избрало за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“. Во ова тело влегоа и скопскиот новинар Зоран Петров и Никола Тасев, дипломиран правник од Кавадарци, кој бил член на извршниот комитет на ВМРО-Народна партија. На листата е младиот дипломиран психолог од Тетово, Фиторе Зибери, како и Низам Шахини, дипломиран по бизнис – администрација од Липково, Мерита Пајазити, биотехнички лаборант од Тетово, Ардијан Исмаили, дипломиран правник од Чегране, Гостивар.

За претседателка на телото е именувана Гордана Кожуваровска, магистер по сообраќајни науки од Битола. Мандатот на членовите на Републичкиот совет за безбеднocт на сообраќајот на патиштата Гзим Беадини, Дејан Донев, Бисера Мојсоска, Давид Берат и Роберто Рогожарски им трае до истекот на мандатот за којшто се именувани. Републичкиот совет за безбеднocт на сообраќајот на патиштата е советодавно тело на Собранието. Претседателот и членовите ги именува Собранието со мандат од четири години.

На утринскиот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека службеничката во неговиот кабинет, Вјолца Бајрами, за која „А1 он“ вчера објави дека е именувана и за член на Репбуличкиот совет за безбеднocт на сообраќајот е избрана по предлог на Комисијата за избори и именувања и дека нема ништо спорно во нејзиното именување.

„Таа е избрана за член по предлог на Kомисијатa за избори и именувања. Нема судир на интереси. Тоа не е работно место. Ако има седница ќе оди. Секој има право на дополнителен приход“, рече Џафери пред новинарите. Претседателот на Собранието рече дека ако приходите ѝ надминат 1 милион денари ќе се пријавела во УЈП.

Покрај Вјолца во Собранието е вработен и нејзниот брат Перпарим Бајрами.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This