Талат Џафери бил потенцијален кандидат за претседател на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку ДУИ не го поддржеше Стево Пендаровски за консензуален кандидат, како една од опциите кои се разгледувале во партијата била и опцијата за претседател да го кандидираат собранискиот спикер, Талат Џафери.

Ова го изјави потпретседателот на партијата Изет Меџети во вчерашната дебатна емисија Клик Плус на TV21.

Тој додаде дека ДУИ го почитува професорот Блерим Река, зад чија кандидатура застанаа Алијанса за Албанците и Беса, но, како што рече, став на партијата е дека кандидат Албанец не може да победи на претседателски избори.

-Немаме ништо против г. Река, но врз основа на анализите, дојдовме до заклучок дека еден кандидат Албанец не може да победи доколку бројките не му одат во корист, доколку минимум нема еден македонски политички субјект зад него, за да биде претседател на сите граѓани и одевме според принципот на консензуалност, бидејќи на овој начин мислиме дека го факторизираме албанскиот глас – рече Меџети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This