April 30, 2024, 10:56 am

„Танец“ се прости од маестро Зоран Џорлев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ се прости од поранешниот директор, маестро Зоран Џорлев. Тие изразија сочувство до семејството и сите колеги со кого тој ја делел сцената.

„Со неизмерна тага ја примивме веста дека денеска, на неполни 54 години, прерано замина познатиот виолинист, музички предагог, поранешен член на оркестарот на Македонската опера и балет, телевизиски шоумен и поранешен директор на НУ „Танец“, Зоран Џорлев. Раководството на „Танец“ и сите вработени изразуваат длабоко сочуство до неговото семејство и сите колеги со кои ја делеше сцената повеќе од четири децении“, напишаа од „Танец“.

Маестро Џорлев, шест години, во периодот од јануари 2011 до август 2017 година директоруваше со ансамблот „Танец“. Тој работеше како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје.

Џорлев почина на 53-годишна возраст. Причината за смртта е компликации од коронавирусот односно откачување на тромб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This