Од утре, нашата земја ги отвора своите граници, но мерките за ПСР тест и 14-дневна домашна изолација остануваат на сила. Се чини дека ова е пречка за пристигнувањето на мигрантите во земјата.
Градоначалникот на Гостивар, во исто време и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари побара да нема изолација повеќе од пет дена.
– Многу рационално и практично е ПСР пред 3-5 дена и самоизолација не повеќе од 3-5 дена. Пракса во многу земји“, пишува Таравари на својот Фејсбук профил.
Инаку, во Македонија, печалбарите и кој било друг граѓанин можат да влезат само ако покажат ПСР тест кој не е постар од 72 часа, а потоа ќе треба да останат во самоизолација две недели. Доколку немате тест, ќе одите во задолжителен државен карантин.
Иселениците велат дека двонеделниот период е многу долг и дека целиот одмор треба да им оди во изолација, затоа тие ги откажуваат нивните патувања за во родните места,пишува порталот in7.tv.