ТАРИФНИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: 4 до 6 илјади евра е моменталната тарифа за вработување во администрацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако сакате да се вработите во јавната администрација на Република Македонија, условите кои треба да ги исполнувате се роднински или пријателски врски со лица на раководни функции или пак со лица блиски до раководителите на институциите, или пак да платите четири до шест илјади (4000 – 6000) евра.

Во најновото издание на емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија, во која гостин беше и министерот за Информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, беше изнесено сведоштво на Генералниот секретар на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, кое пред неколку дена го истакнал на трибина во организација на ЕПИ, во кое се открива дека тарифата во моментов, за вработување во администрацијата се движи од четири до шест илјади евра.

– Пред две недели човекот ме информираше што се случило, беше премногу вознемирен, си кажа така дека интервенирал да биде вработена кај него во институција ќерка на фамилијарна пријателка. Он ме информираше и да не интервенирал ќе била вработена бидејќи имала положено административен испит, сите посебни и општи услови за вработување ги исполнувала. Кога се вработило лицето, дошла нејзината мајка и во плик му дала три илјади (3000) евра со извинување дека нема четири, бидејќи тарифата за вработување моментално во администрација е 4 – 6 илјади евра, стои во исказот на Деаноски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This