April 26, 2024, 10:41 pm

Тасевски: Заев сѐ уште преговара со држава која oдбивa да се извини за злoдeлата врз македонскиот народ извршeни кога му беше слуга на Хитлер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерот Сашо Тасевски, на социјалните мрежи го коментираше интервјуто на Заев за „Катимерини“ во кор премиерот истакна дека никој не смее да чепне во македонскиот идентитет.

„Може Заев до бесвест да зборува дека никој не смее да чепне во македонскиот идентитет, но се додека не ја распушти онаа комисија од историчари која токму тоа го прави, се пазари со Бугарите за македонскиот идентитет, на Заев само глупавите може да му поверуваат. Друг никој. Премногу лаги кажа за некој да му верува.
Во контекс на денешниот ден, Победата над фашизмот, ќе потсетам дека Заев се уште преговара со држава која одбива да се извини за злоделата врз македонскиот народ извршени кога му беше слуга на Хитлер. Одбива да го признае постоењето на македонскиот народ и неговиот јазик. И зад тие ставови на Бугарија стои ЕУ и ја поддржува. Тоа доволно зборува дека на денешен ден во 1945 беше убиен само гласникот, но пораката преживеа. Фашизмот е втемелен во денешната Европска Унија. И ќе биде никулец на некоја нова голема војна. Кога тогаш.
Победа над фашизмот! Добар виц! Смешки!
Да го откопаат сега Хитлер ќе го најдат насмеан од уво до уво.“, пишува Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This