ТАТКОТО НА ПОЧИНАТАТА ЕВА: Три деца што ги пратија во Турција не се вратија назад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту едно од трите деца пратени на лекување во Турција не се врати, како да го пратам моето ако знам дека нема да го видам повторно – потресно сведоштво на таткото на малата Ева од Охрид која не ја издржа битката со лошата болест. Во ниту еден момент државата не постапи како што треба, ако почитуваше правила Ева денеска ќе беше тука излекувана, обвинува Благојче Крстановски пренесува телевизија Алфа.

Со грутка во срцето и насолзени очи Благојче Крстановски вели дека министерството и фондот не им дозволиле да ја лечат нивната ќерка како што сакаат во Германија, бидејќи имале договор за соработка со турската болница. Министерот Филипче ниту еднаш не прифатил да се сретне со Крстановски за да му ја објасни состојбата на малата Ева.

Ако не се лечи како што треба, што мислите, зарем тоа не е убиство? Министерот не можеше да ме удостои со една средба, ми се јави секретарката негова, ми рече тука беше финансискиот директор, со министерот разговараа и рекоа, платете ги средствата и потоа ќе ви ги рефундираме. Јас ако имав да ги платам тие средства зарем ќе ги молев нив?“.

Каде затаија македонските здравствени институции? Кој од надлежните ќе понесе одговорност за ваквите случаи? Тенденциозно било прашањето дали директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев чувствува одговорност за смртта на малата Ева, се правдаат дека стапиле во контакт со германската болница но не добиле понуда за лекување.

Алфа вчера беше во родното Пештани на 11-годишното девојче, граѓаните во болка велат жално е што државата не смогна сили да обезбеди пари за лекувањето.

Не е важно ако државата потроши 100 илјади евра повеќе ако се спаси еден детски живот кој нема цена. Ниту фондот ниту министерот Филипче немаат чувства вели скршениот татко кој пред три дена остана без своето најмило, откако здравствените власти не дозволија средства да лекување на малиот ангел Ева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This