Демократска партија на Албанците проценува дека мерките преземени од Министерството за здравство и другите релевантни институции не се доволни, во време кога епидемијата КОВИД-19 во Македонија ескалира и сега веќе влошената состојба може уште повеќе да се влоши.
На прес-конференцијата на Комисијата за здравство на ДПА зборуваше и лидерот на оваа партија Мендух Тачи, кој освен што ќе го повтори ставот дека владините мерки се недоволни, додаде дека недоволно и некоректно е и однесувањето на граѓаните кога станува збор за заштита и изолација.