ТАЈНА СРЕДБА СО КИМ ЈОНГ УН: Директорот на ЦИА Мајк Помпео имал тајна средба со Севернокорејскиот лидер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, минатата недела во Пјонгјанг отпатувал на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун. Претседателот Доналд Трамп ја потврди средбата во средата изутрина на својот твитер.

“Мајк Помпео минатата недела се состана со Ким Јонг Ун во Северна Кореја. Средбата мина многу добро и беше формирана добра врска. Деталите за Самитот сега се разработени. Денуклеаризацијата ќе биде одлична работа за светот, но исто така и за Северна Кореја! ” се вели во твитот на Трамп.

Вестите за состанокот доаѓаат откако Трамп вчера го прими Јапонскиот премиер Шинзо Абе на Флорида. За време на состанокот, претседателот алудираше на директни разговори со владата на Северна Кореја на “екстремно високо ниво”.

Средбата помеѓу Помпео и Ким претставува највисок американски контакт со Северна од 2000 година, кога Џо Мионг-рок, северно корејски генерал, отпатува во Вашингтон за средба со претседателот Бил Клинтон. Државниот секретар Медлин Олбрајт набргу потоа го посети Пјонгјанг.

Трамп спомена дека неколкуте локации се разгледуваат за претстојните состаноци со Ким, но не открива нешто повеќе, освен дека преговорите се одвиваат добро, а Јапонија е важен партнер во разговорите.

Ким следната недела треба да се состане со претседателот на Јужна Кореја Мун Џеј-ин, за мировните разговори во неутралното село Панмунџом на силно милитаризираната граница меѓу двете земји. Во Флорида, Трамп навести дека имал одредена улога во донесувањето на двете земји до историската точка во која се наоѓаат денес.

“Тие разговараат за ставање крај на војната. “, рече тој. “Без нас – и без мене, особено – претпоставувам дека немаше да разговараат за ништо”, истакна Трамп.

Денуклеализацијата се очекува да биде високо на агендата кога Трамп ќе се сретне со Ким. Вашингтон ќе биде заинтересиран да го увери Пјонгјанг дека отстранувањето на Ким од власт не е целта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This