ТЕВДОВСКИ И ЗАЕВ НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ: Заев бара ребаланс, Тевдовски не мисли така, реализацијата на капиталните инветсиции под 10 проценти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неизвесен е ребалансот на буџетот. По измината половина година министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека се анализира состојбата и дека ако има потреба, би се прекроила државната каса. Вели и дека засега се е во ред, пренесува Алсат.

„Приходите во Буџетот се согласно планираното. Ние имаме одлична наплата и тоа значи дека Буџетот може да обезбеди реализација на сите расходи кои се во него односно кои се изгласани од Собранието на Република Ц Македонија“, рече Тевдовски.

Можноста да кажат дека добро и оди на економијата ја искористија министерот за транспорт Горан Сугаревски и директорот на ЈП за Државни патишта Зоран Китанов. И двајцата изнесоа огромни бројки за реализација на капиталните инвестиции.

„Сериозно подобрување на капиталните инвестиции, зборувам за крупните. Имаме ситуација како гасификацијата во првите четири месеци е како целата година лани. Над 400 милиони денари…“, рече Сугаревски.

„Во 2018 споредено со прв квартал 2019 година имаме како Јавно претпријатие за државни патишта платено завршени капитални инвестиции 215 отсто повеќе…“, рече Зоран Китанов, директор на ЈПДП.

Сепак, податоците на Министерството за финансии велат дека во првите четири месеци капиталните инвестиции се нешто под 10 отсто. Министерот Тевдовски не сакаше да каже во кои сектори се потфрлањата.

„Ние сме транспарентни ги имате нашите извештаји на веб сајт повелете, видете ги“, додава Тевдовски.

Инаку, денеска Министерството за финансии зема кредит од 26 милиони евра од Светската банка за подобро царинско поврзување со Албанија и со Србија. Со проектот се планира воведување на принципот „еден прозорец“ и потполна дигитализација што би требало да го забрза протокот на стоки кон овие две земји.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This