ТЕЛЕВИЗИТЕ ГИ БОЈКОТИРААТ МИНИСТРИТЕ: Втор ден спуштени камери и бојкот на известувањето за активностите на владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат- М) здружени во ММА (Македонска Медиумска Асоцијација) втор ден денеска ги бојкотираат активностите на министрите и на владата.

Вчера тие ги спуштија камерите и не ја снимаа прес конференцијата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Во исто време, во вестите на телевизиите со национална фреквенција, веќе два дена не се емитуваат прес конференции на министрите.

Како што дознаваме, ваквиот радикален чекор телевизиите го презеле поради неисполнетите ветувања за помош преку министерството за култура, но и поради лошиот однос на владата и „министерот за пропаганда” Роберт Поповски кон новинарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This