ТЕМЕЛКО ГО МАЛТРЕТИРААТ ЗА ДА ИЗНУДАТ ЛАЖНА ИЗЈАВА: Да имав вина, немаше да го мачат Темелко за изјава против мене!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во четвртиот дел од интервјуто за „Република“ ги отфрла обвиненијата од СЈО и вели дека Едмонд Темелко го измачуваат во притвор за да потпише изјава против него.

„Да имав вина, немаше борецот за човековите права на Македонците и тешко болниот Едмонд Темелко да го држат во притвор со директна порака до него дека, ако потпише изјава против мене, веднаш ќе го ослободат. Човекот е толку болен што лесно може да се случи да почине, а тие го измачуваат во притвор. Тој е полуподвижен, свиткан, не може да се наведне да си ги соблече чорапите, но мора да лежи за сосила да го принудат да сведочи за нешто што не било“, изјави Груевски.

„Се фокусираа на тоа што на изборите 300-400 Македонци од Пустец гласале во Македонија, а немаат никаков проблем што на истите избори над 6.000 Албанци беа донесени од дијаспората за да гласаат во Кичево и во Струга. Исто како сега, ќе рушат споменици на македонски дејци, ама Скендербег или Хасан Приштина нема да ги чепнат. Ниту Неџат Аголи или спомениците на другите албански историски ликови, против кои немам ама баш ништо, напротив, многу ги почитувам, но укажувам на фокусираноста против една партија и против историјата на еден народ. Тоа е класична политичка хајка“, обвини поранешниот македонски премиер.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This