ТЕНДЕРИТЕ И БИЗНИСИТЕ, ПОВАЖНИ ОД ЖИВОТИТЕ НА ВОЈСКАТА: Автобусот е на „Тритерол“ од Струмица – фирма која вршеше превоз за митинзите на СДСМ и шарените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово околу 6:30 часот, на релацијата Пробиштип-касарна „Илинден“ се запали автобус на АРМ. Автобусот возел на релација Пробиштип – касарната „Илинден“, a според неофицијални податоци внатре имало 30-тина војници, кои едвај се спасиле. При спасувањето не успеале да ја земат опремата со нив, со што значи дека опремата е изгорена.

Автобусот кој ги превезувал војниците припаѓал на „ТРИТЕРОЛ ДООЕЛ Струмица“. Се работи за фирма која важи за блиска до Заеви, а на јавноста и е позната по транспортот на партиски војници кои се носеа по градовите за протести и партиски собири.

Фирмата „Тритерол“ има склучено договор со МО да превезува војници од 04.11.2017 до 04.11.2018, со што има земено околу 8.526.894,60 денари. По денешниот инцидент се поставува прашањето дали министерката за одбрана Радмила Шекеринска го направила изборот според критериум на квалитет на услуга и безбедност, или со цел блиски до власта да се полнат пари.

Знаеме дека има огромно незадоволство во самата армија која секојдневно се жали ниски плати, недостиг на опрема, немаат греење, им доцни на исплатата на надоместоците, и имаат отсуство на вежбовни активности поради недостиг на маневарски средства.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This