Терористите од Диво Насеље нема да бидат посетени – Одбиен косовскиот функционер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Барањето на косовскиот заменик министер за правда Блерим Салаху да ги посети косовските државјани осудени за нападот во Диво Насеље беше одбиено.

Управата за извршување смета дека тој не е конзуларен преставник туку политички и именуван функционер што е спротивно на меѓународното право. Тие се повикуваат на законот со кој осудените странци кои издржуваат казна затвор во земјава можат да бидат посетувани само од конзуларен претставник. Во случајов, Амбасадата на Република Косово се обратила со барање да му се овозможи на заменикот министер за правда на Република Косово да ги посети косовските државјани во Идризово, а не го именувала за конзуларен преставник.

Во соопштението од министерството за правда се додава дека министерот може да го посети затворот но не и затворениците во него.

Иаковчера беше објавено дека се бара итна посета на 17-те терористи кои учествуваа во борбите во кумановската населба.

Тие се осудени на доживотен или затвор од 40 години, за настанот кој се случи во 2015 та. Пресудите поради жалба во моментов се наоѓаат во врховниот суд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This