ТЕСТОВИТЕ СЕ HEИСПPABHИ: Танзанискиот претседател тврди дека тестирани коза и папаја биле позитивни на кopoнавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули, сомневајќи се во веродостојноста на странските тестови на коронавирусот, наредил животните и овошјето да бидат тајно тестирани наместо луѓето и, откако покажале позитивни резултати, прогласиле дека тестовите се технички неисправни.

Магуфули, чија влада е критикувана од меѓународната заедница за криење информации за бројот на заразени лица од коронавирус и ги повика своите сограѓани да се борат против ковид-19 со молитва, рече дека тестовите се технички неисправни затоа што се покажало дека папаја, коза и овца се позитивни на вирусот.

Тој објасни дека ги замолил танзанските безбедносни сили да го проверат квалитет на тестовите. Тие случајно собирале примероци не од луѓе туку од папаја, коза и овца. Поточно, примероците содржеле имиња и години на раѓање на вистински лица, па дури ни лабораториските техничари не се сомневале во ништо.

Танзанискиот претседател наредил да се тестираат овошје и животни и заклучил дека тестовите не се точни.

Претседателот рече дека верува оти со оглед на тоа што на ковид-19 биле позитивни папаја и коза, тоа значи дека тестовите се технички неисправни затоа што покажуваат дека меѓу луѓето има такви кои биле позитивни, а всушност немаат вирус.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This