ТЕТОВСКИОТ СУД ГО ОСЛОБОДИ ГИНЕКОЛОГОТ КАЗИМИР КОПРИВЊАТ: Семејството на настраданата родилка најави жалба, судскиот процес беше лакрдија и наместен од повеќе институции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основниот суд Тетово донесе ослободителна пресуда за тетовскиот гинеколог кој  во 2015 беше обвинет за смртта на 33 годишната родилка Виолета Кировска од Тетово. Судијата, Садула Изаири кој го водеше предметот, образложи дека вештачењата покажуваат дека докторот не го сторил кривичното дело – тешки дела против здравјето на човекот  за кое се товари.

Според обвинителниот акт докторот кога ја породувал Кировска, не ги презел сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици. Без претходно да обезбеди количини крв, гинекологот започнал царски рез, а по настанато крварење не извршил навремена медицинска интервенција.

Адвокатот на оштетената страна најави дека ќе биде поднесана жалба. Вели дека има основа за тоа, затоа што во сите три вештачења се нотирани неколку пропусти на докторот, кои не се земени во предвид на ослободителната пресуда.

Адвокатот на обвинетиот доктор Копривњак накракто ја поздрави пресудата, која за него била очекувана.

Семејството Кировски со солзи и неверувања ја слушнаа пресудата. Велат дека целиот судски процес бил лакрдија и наместен од повеќе институции во земјава.

Родилката Виолета Кировска на 19 август 2015 година беше породена со царски рез, но поради обилното крварење беше препратена на КАРИЛ во Скопје, каде за неколку дена го загуби животот, а за нецел месец почина и нејзиното новороденче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This