Теpopиcтите од „Диво нaceље“ се пoпишaa во затвopoт – Пaтpиoтите од 27 април мacoвно го бojкотиpaa попиcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пописот во Република Македонија започна со попишување на затворениците и македонската дијаспора која во голем број го бојкотираше пописот со оглед на бројката од околу 130 илјади попишани нашинци во дијаспората.

Како што напоменавме пописот покрај дијаспората на 01.03.2021 започна со попишување на и на затворениците ширум државата.

Инфомакс неофицијално дознава дека во изминатава недела се попишале и терористите од „Диво насеље“ како резидентно население.

Основниот суд Скопје 1 изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Македонија.

Во нападите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, а околу 40-тина беа повредени. Судскиот процес започна на 9 февруари 2016 година.

Од друга страна дозаваме дека осудените партиоти за „27 април“ масовно го бојкотирале пописот и покрај заканите до нив дека ќе платат казни и до 300-тини евра.

Скопскиот суд пресуди 16 обвинети за насилството во Собранието кое се случи на 27 април 2017та година да добијат вкупно 211 години затвор.

Пред два месеци апелација им ги потврди осудителните пресуди на патриотите од 27 април и покрај објавата на Инфомакс за скриениот исказ на Нинџа кој ги амнестира сите осудени.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This