„Тигрите“ ги пoкaжaa cвoитe 3AБИ: Heмa дa ce пokopиме нa тиe кoи ни плykaaт пo mpтвитe кocки нa нaшитe бpaќa пo opyжje

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова писмо го пишуваме ние припадниците на единицата Тигар со заклетва да и служиме на нашата мајка Македонија.

Писмото е поради револтот и обезличувањето кое денес го нанесе државниот врв за нашата работа, нашето дело и нашата кауза.

Раководството на Тигрите не реагираше, но ние како и во борба, така и денес кога има мир, нема да се покориме на тие кои ни плукаат по мртвите коски на нашите браќа по оружје.

Сите даваат по нешто, но некои дадоа се. Да, паднатите херои на современа Македонија. Тигрите, нашите браќа, по заклетва, срце и сила кои го загубија својот живот за нашата Македонија, за вашиот мир. Нивниот живот е даден дури и за вас сега да сте премиери, министри директори, за да се шетате со обезбедување, јадете по скапи ресторани и да возите службени коли.

Длабока е навредата, но и понижувањето што Артан Груби кој е дел од државниот врв не се поклони пред паднатите херои. Но и што премиерот Зоран Заев ја обездржави единицата Тигар, со тоа што го тргна светото име Македонија од нашите обележја.

Голем срам е што Заев, Шекеринска и Груби не ги почитуваат Тигрите, кои постојат за Македонија. Така веднат глава на оние кои даваат се.

Ние постоиме за Македонија, но неа веќе ја нема на нашите рамења, во нашите обележја. Ни ја зема политиката. Но таа, нашата мајка, останува во нашите срца, и ќе грее додека пламтат нашите срца.

Останува и не се брише ниту срамот на Заев, Шекеринска и балистичката власт.

Шекеринска позираше пред симболи на УЧК, Заев во Куманово парадираше низ Диво Насеље, каде претходно наши браќа оставија животи.

Заев и Шекеринска не направија ништо. Само срам и понижувања.

Мислат дека ако не понижат дека ќе не натераат да се откажеме. Ние ја сакаме Македонија и ќе се бориме за нашиот народ, без разлика на се. И Заев и Шекеринска ќе поминат, но срамот ќе им остане, а и тежината на срце и душа, во тоа сме сигурни, Македонија ќе го врати ударот.

Ова е последен пат кога се обраќаме со писма, не не предизвикувајте зошто знаете дека можеме многу повеќе.

Да е жива Македонија!
Зборовите од нашата заклетва:
Господи, чувај ме од зло
и дај ми сила
да ги одбранам
мојот дом
мојот народ
мојата Македонија
Амин!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This