Тимоние: Очекуваме завршување на законот за јавното oбвинитeлcтво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции истакна дека никој не треба да ги оспорува намерите на Франција за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, затоа што „намерите на Париз се заедно да успееме“.

Од секаде постои верба во европскиот проект, што треба да биде строг, а не само своевидна лиценца на оние кои управуваат со тоа затоа што го добиле датумот и потоа можат да си прават што сакаат на внатрешен план. Ние сме со граѓаните на Македонија и сакаме да успееме, да успееме заедно со вас. Нема никакви стравувања од наша страна во однос на доаѓањето на други земји- членки во Унијата, само сакаме тие земји да бидат доволно силни и доволно подготвени за да можат граѓаните да ја контролираат својата влада, но и тие земји да бидат доста силни за да можат да го спроведуваат тој заеднички европски проект – рече Тимоние.

Балканските земји, како што кажа, можат да бидат додадена вредност во Европа.

Преку новата методологија не размислуваме само за Балканот туку дека има проблеми што не сме ги решиле претходно. Европската изградба е изградба единствена во историјата која се гради секојдневно за да ги подобри грешките од минатото особено во однос на земји кои не успеале да се реформираат – додаде Тимоние.

За францускиот нон-пејпер како што информираше има и позитивни реакции и критики, но тој е доставен и процесот е почнат и официјален Париз посакува тој брзо да заврши.

Го разбираме нетрпението, и ќе помогнеме со нашето присуство. Во моментот преговараме за правните рамки и потпишувањето со француската Агенција за развој – рече францускиот амбасадор.

Она што се случи во октомври со недобивањето датум, според него не е историска грешка, туку е историска шанса споредено со претходниот систем за проширување.

Се наврати на нон-пејперот и четирите принципи, но и посочи на владеењето на правото, корупцијата, реформскиот процес…

Посакуваме процесот да заврши до крајот на јануари, што ќе ни овозможи потоа да се трасира патот кон Загреб на подоверлив начин. За тоа ќе треба и новата ЕК да одговори на нашите желби, но исто така треба и државите членки да се покажат конструктивни. Впрочем тоа и го очекуваме затоа што ја имаме таа споделена волја која беше изразена и од страна на ЕП затоа што сите посакуваат да се отворат преговорите што е можно побрзо, а овде нема ништо да ги спречи спроведувањето на реформите туку напротив. Има конкретни барања за завршување на законот за јавното обвинителство и сите други закони кои произлегуваат од тоа, и тоа се области во кои ние очекуваме напредок – рече Тимоние.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи истакна дека нема дилема дека Македонија во октомври била подготвена да добие датум за преговори и од таму доаѓа разочарувањето и во администрацијата и меѓу граѓаните. Сепак, нагласи дека оваа пауза до добивањето датум за преговори за нас не е пазуа бидејќи продолжуваме со реформите не заради ЕУ туку заради нас самите. Ја повика опозицијата на конструктивност и до пролет да биде донесен законот за јавното обвинителство за да се тргне и таа забелешка пред самитот во Загреб.

Ние немаме ниту време ниту право на емоции туку стратешки да размислуваме за единствениот мандат кој што го имаме од граѓаните, а тоа дека единствена алтернатива која ја имаме е полноправно членство во ЕУ – рече Османи повторувајќи дека во октомври заслуживме да добиеме датум.

Вицепремиерот кажа дека Македонија не се плаши од посебни услови и од заострени методологии, ниту од ревирзибилност на процесот бидејќи покажавме дека имаме ентузијазам, луѓе и знаеме како да напредуваме во процесот.

Во однос на пристапот до структурните фондови на ЕУ, Османи потенцира дека целиот Западен Балкан преку предпристапните ИПА II фондови има добиено 4,3 милијари евра, а оти само Хрватска во период од 2014-2020 година има добиено 12 милијарди евра структурни фондови.

Односно ние сме добиле 300 евра по глава на жител предпристапни фондови. Хрватска има добиено 3.500 евра по глава на жител. Единаесет пати повеќе отколку земја-кандидат. Тоа е важно, што значи пристап до страктурните фондови уште во процесот на преговори – рече Османи.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ на седницата потенцираше дека ниту Македонија, ниту граѓаните, ниту власта, ниту опозицијата бараат проширување заради проширување.

Сите ние сме свесни за критериумите и борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и владеењето на правото во интерес пред се на нашите граѓани не само на ЕУ. Тоа е важно да го повторуваме постојано бидејќи очигледно се користи како аргумент иако тоа не е – истакна Туфегџиќ.

Според неа, моментот за отворање на дебатата за реформата на Европската унија е спорен.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Никола Поповски, смета дека ова е привремена ситуација и нашите идни одлуки ќе зависат од три работи: внатрешната политика во земјите – членки на Унијата, односите меѓу земјите-членки, како и од позицијата на ЕУ во светот.

Според Попоски, за нас ќе биде особено важно да се прилагодиме на одлуката на Европската унија во однос на проширувањето по завршувањето на овој процес. На внатрешен план рече дека треба да се промени пристапот на водење преговори со Унијата, барајќи поголема транспаретност од Владата во однос на овој процес, како и вклучување на повеќе чинители, имајќи ја предвид и опозицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This