Тимоние: Франција ја одобри преговарачката рамка, но со услов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција ја одобрува преговарачката рамка, потврди во интервју за ТВ 24 францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Тој вели дека рамката е нивно дете и производ на барањата на Франција за нова методологија. Сепак за тоа да се случи, Македонија мора да продолжи со реформите и доколку има напредок ќе биде наградена.

– Не само што ја одобруваме преговарачката рамка, туку напорно работевме истата да биде усвоена. Како што знаете ние одигравме значајна улога во подготовката на новата методологија која сега се се спроведува во ЕУ. Би било контрадикторно доколку не ја поддржуваме рамката, особено што таа наше „дете“. Тоа дете го милуваме и затоа посакуваме сите одредби поврзани со владеење на правото кои го сочинуваат првиот праг од новата методологија да бидат практично спроведени. За да се постигне тоа неопходно е продолжување со реформите, а особено е значаен поимот „реверзибилност“. Тоа значи дека доколку има напредок истиот ќе биде награден, работа на која особено инсистиравме, впрочем токму затоа инсистиравме во делот на повеќегодишната финансиска рамка да ни овозмои да оствариме дел од нашите заложби кон земјите од Западен Балкан, вели Тимоние

Тимоне рече декка генерално, Франција е задоволна од тоа што беше одобрено затоа што смета дека е убаво да се пречекаат пријателите во домот, но треба да се има и неопходни средства за да им се понуди она што тие го очекуваат.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This