Тим на Русковска влезе во Владата, ја собира документацијата на Рашковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на денот по налог на јавната обвинителка за организиран криминал истражители на обвинителството влегле во владата каде се собира документација од Владата за набавката на софтверот.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција почнало да ја собира докоментацијата од генералниот секретаријат на Владата и другите институции и фирмата Инвока-груп за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што ја направил поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

“Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата и од Владата и од други институции. Вчера беше оформен предметот, рано е да се каже дали и кое кривично дело е во прашање”, изјавила обвинителката Вилма Русковска за ТВ 24.

Обвинителството вчера отвори предистрага по допрен глас за набавката на софтверот откако 360 степени објави повеќе стории за набавката за софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра, кој Рашковски го набавил за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР тврдат дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им е потребен.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This