Тоа е cp*ње: Xpватскиот претседател пpoтив пpoмена на границите на Балканот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последните денови, јавноста во регионот се занимава со наводниот нон-пејпер за промена на границите на балканските држави и нивна реорганизација по етнички линии, а медиумите како автори ги споменуваат највисоките словенечки функционери, што тие негираат.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска со погрдни зборови го нарече наводниот документ за промена на границите на Балканот, изразувајќи надеж дека тој не потекнува од Словенија, објавуваат хрватските медиуми.

Последните денови, јавноста во регионот се занимава со наводниот нон-пејпер за промена на границите на балканските држави и нивна реорганизација по етнички линии, а медиумите како автори ги споменуваат највисоките словенечки функционери, што тие негираат.

„Секое мирно разидување, Хрватска до Дрина, Белград до Уна – тоа не доаѓа предвид. И во таа смисла, таа хартија е големо сра..е“, рече Милановиќ.

Словенечкиот претседател Борут Пахор на прес-конференција вчера рече дека е посветен на интегритетот на БиХ, се спротивставува на промена на границите на Балканот и ги повика сите земји во регионот да го забрзаат пристапувањето во ЕУ.

Премиерот Јанез Јанша, пак, кој се споменуваше дека му го предал овој документ на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, негираше дека испратил некаква хартија во Брисел, а медиумите блиски до него велат дека обвинувањата се обид на домашната опозиција да го компромитираат пред Словенија да го преземе претседателството со ЕУ на почетокот на јули.

Милановиќ вели дека се надева дека неофицијалниот дипломатски документ не дошол од Љубљана затоа што, како што рече, објективно, многу ги почитува и мислам дека не се толку ‘удрени’.

За Јанша вели дека „тој може да биде ‘проблематично дете’ и уште нешто покрај тоа, но не верува дека стои зад вакво нешто.

Тој исто така не верува дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе застане зад идејата за обединување на Косово и Албанија.

„Значи, прво признавањето на Косово, што е веќе многу, а потоа и обединувањето на Косово и Албанија. За да дојде таа идеја од Белград, тоа е еден вид комбинаторика која ја надминува имагинацијата и сценаристите на најдобрите белградски крими -серии “, рече хрватскиот претседател.

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ ја објави содржината на документот кој нема потпис и напишан е на англиски јазик, а истиот го пренесоа многу други медиуми во Словенија, но без потврда од од Европскиот совет или Европската комисија.

Станува збор за неофицијален дипломатски документ за распарчување на БиХ, припојување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија и има наслов „Западен Балкан – патот напред“, тврди порталот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This