Цapoвска го „jaдеше“ на Твитер: Децата ни живеат пред екран, нe дозволyвaме да нema печатени учебници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на министерката за образование Мила Царовска за отстранување на печатените учебници од наставата во образованиот процес, наиде на бројни негодувања од страна на родителите кои вчера и денеска се осмелуваат се повеќе да коментираат истата да не се дозволува, како и дека истата е штетна за нивните деца затоа што најмладите буквално живеат пред екраните во ситуација кога има онлајн настава, па под лавина на жестоки реакции беше пропратена оваа одлука на министертвото на Царовска.

Дел од коментарите на родителите:

-Да цитирам еден директор од училиште од внатрешноста: „Ние немаме пари ни за тековно одржување на хигиена во клозетите, не пак да овозможиме интернет или пак да печатиме учебници за тие што ќе побараат“;

-Електронски учебници треба да бидат дополнително средство и можност, а не основно. Морони;

-Слушам за дигитализацијава на учебници, на децава што немале услови ќе им печателе учебници, другиве сите дигитални. Што се они? Црни овци?;

-Не им ги земајте печатените учебници на децата. Напротив, направете ги побогати со илустрации, визуелизации и фотографии. Печатете на поквалитетна хартија, вложете малку повеќе време во редефинирање на процесот на објаснување на нештата;

-Ова е огромна катастрофа! Срам и арам да ви е, ученици без учебници! Ќе принтаме ли по дома, срамови неписмени низаедни!;

-Ова е невидена глупост. Дајте родители да не го дозволиме ова;

-Царовска со електронски учебници ќе не носи во Европа! А претходно во центарот на Градот, канализација да направите, децата што ниту еден оброк дневно немаат да ги заштитите, на пензионерите достоинствено живеење да обезбедите? Летајте, летајте само …

Бројни се коментарите на јавноста кои одат во насока дека ваквата одлука е дискриминаторска бидејќи учењето станува привилегија на богатите, па од септември електронски учебници ќе имаат сите деца, освен тие што немаат компјутери кои ќе се снаоѓаат како знаат.

-Во каков свет живеат дечињата! Кај без дружби, кај без школо, кај без игри, сега ќе ги остават и без печатени учебници. Виртуелен свет, виртуелни наставници, виртуелно/никакво образование – пишува една родителка.

-Госпоѓо Царовска, не знам во кој свет живееш. Нема да дозволиме да ни ги уништиш децата, генерациите. Која си ти да одлучуваш за укинување на учебниците како хартија? И ден денес чуваме од нив. Преиспитај се. Твојава одлука што сакаш да ја спроведеш е скандалозна. Ти како човек немаш доволно капацитет, искуство, знаење за вакви катастрофални брзи реформи. Нашите мали деца не можат цел ден да се на компјутер. Јас не знам што прави МОН, сите твои полтрони молчат, ама еден ден ќе проговорат. Ќе направиме петиција и нема да го дозволиме ова ваше лудило! – пишува друг родител.

-Коментар не е потребен. Но, стручњаци во МОН да ве прашам како ќе едуцирате ученик со интелектуална попреченост дигитално???Како ќе едуцирате ученик со аутизам дигитално, а знаеме колку е тоа проблем за него???Како ќе едуцирате ученик со оштетен вид дигитално??? И, како што напиша еден мој студент, ќе има веројатно доста работа за офталмолозите, физијатрите, а подоцна и за психолозите и психијатрите!!! – загрижените редители пишуваат на социјалните мрежи.

Реакции има од стручната јавност па така универзитетската професорката од Филозофскиот факултет во Скопје Јасна Котеска и порача на Царовска „да не прави глупости во образованието, туку да следи наука, иднина, екологија “.

Професорката Весна Јаневска пак напиша „Учебници повлекоа. Учебници палеа. Учебници укинаа. Ќе ги печателе училиштата по потреба. Жими мајка. Нема веќе бесплатно образование. На здравје!“.

Најголемите забелешки кон Царовска се во делот на „буквално роботизирање“ на децата пред екраните кои и онака не знаат веќе како изгледаат книгите, како и дека истото влијае негативно на нивниот развој, без оглед на тоа што се чини како модерно решение. Тука се јавува и проблемот на дечињата со интелектуална попреченост чие едуцирање е навистина многу тешко да се спроведува онлајн, а и проблемот дека со таквата одлука онлајн ќе учат оние кои имаат компјутери, а за сите останати учебници ќе има што е подвојување на децата и дискриминаторки кон семејствата кои се сиромашни.

Можеби една од најголемите забелешки и реакции кон ваквата одлука на Царовска е тоа што без никаква консултација, без исклучок носењето на ваква одлука без советување и добиено мислење од страна на родителите говори за недоволна транспарентност на министерството кое не е познато во јавноста дали направило некаква анализа за потребноста на ваквата одлука за укинување на печатените учебници. Неспорно реакциите се бројни, а родителите најавуваат дека нема да дозволат да помине ваква одлука без нивна консултација на штета на нивните деца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This