ТОДОРОВ: Барањата во бугарската декларација се неприфатливи и треба да им се одговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Tреба да има одреден одговор на бугарските барања посебно за прашањата на јазикот и на етничкиот идентитет, вели историчарот Петар Тодоров, кој е член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој напоменува дека Тодоров дека учебниците во Македонија и во Бугарија мора да се менуваат доколку овие народи немаат намера да создаваат конфликти меѓу народите.

„Она што ние сметаме дека е најпроблематично е тоа што во бугарските учебници се создава една претстава дека постојат бугарски неослободени земји надвор од територијата на денешна Република Бугарија, бидејќи на тој начин учебниците им праќаат порака на децата дека сè уште има неослободени бугарски земји кои можеби утре ќе треба да се ослободат“ вели Тодоров и додава дека во тие „неослободени територии“ спаѓа и територијата на Македонија, но и на северна Грција, југоисточна Србија, делови од Косово и од европска Турција.

Тодоров нагласува дека Kомисијата за историја може да има и пододбри резултати доколку политиката не се меша во нејзината работа.

„Често слушаме изјави од политичари во Бугарија, но морам да признам дека слушаме и тука, во Македонија, политичари кои си даваат за право да ја толкуваат историјата“ вели Тодоров.

На новинарско прашање дали е точно дека премиерот Заев вршел притисок врз комисјата Тодоров одговора:

„Најодговорно тврдам дека во ниту еден случај, дали тоа станува збор за претседателот на Владата, министерот за надворешни работи со кои сме имале контакти, ниту во еден момент тие личности, тие институции не вршеле притисок. Средбите со нив се чисто информативни да ги споделиме нашите искуства и работата со бугарските колеги“ вели Тодоров кој како форма на притисок ја посочува и Декларацијата која ја усвои бугарското Собрание.

„Мислам дека историчарите се покажале како лоши политичари и обратно. Дека треба да има одреден одговор на тие барања кои се неприфатливи, дрски, безобразни и навредливи за чувствата на етничките Македонци, особено прашањата на јазикот и на етничкиот идентитет, но сепак мислам дека тоа е работа на политиката и политичарите треба да одлучат како и на кој начин ќе одговорат на таа рамковна позиција на бугарската влада“ вели Тодоров.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This