Тодор Петpoв pacпали по Heнси Пелocи: Дали сте нopмални да забpaнувате употреба на зборовите мајка и татко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со огорченост ги отфрла измените на Деловникот на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави за воведување на “родово-инклузивен јазик“, предложени од спикерот Ненси Пелоси заедно со демократскиот конгресмен Џејмс Мекговерн, со кои се забранува употребата на таканаречените “неинклузивни“ зборови: татко, мајка, син, ќерка, тетка, чичко, маж, жена, сопруг, сопруга…

СМК смета дека измените на Деловникот на Претставничкиот дом предложени од демократите се лудило без крај!
СМК изразува жалење дека оваа “родова“ терминологија претходно е воведена во Франција со закон за промена на употребата на “мајка“ и “татко“ со “родител 1“ и “родител 2“ во сите датотеки.

СМК и натаму останува доследен на Декларацијата за заштита на бракот и семејството усвоена на 29 Генерално собрание на СМК одржано на 10 август 2019 година, врз основа на мирниот семеен марш “Сведоштво за семејството“ одржан на 29 јуни 2019 година во Скопје, со која се отфрлаат обидите за редефинирање на бракот и семејството со агресивна пропаганда и идеологија и измени на законската регулатива, како што тоа се прави во САД.
СМК и натаму бара државата да обезбеди услови за хармоничен развој на личноста на детето, во општество кое ги афирмира вредностите на бракот и семејството, детето да расте со љубов и разбирање од еден татко и една мајка како биолошки и законски родители или со законско родителско старателство.

СМК и натаму смета дека малцинствата, меѓу нив и сексуалните, мора да ги почитуваат законите и моралните норми на мнозинството, правата и слободите на малцинствата не смеат да ги загрозуваат правата и слободите на мнозинството.
За Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, неприфатливи се: истополовите бракови, инцестот, полигамијата, педофилијата, некрофилијата и зоофилијата и иницијативите кои водат кон нивна легализација; декриминализацијата на сексот меѓу децата и возрасните; преименувањето на таткото и мајката со полово недефинирани “родител еден“ и “родител два“; и родовата идеологија во воспитанието и образованието на децата!

СМК ја поддржува секоја превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство, но и натаму ја отфрла Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулска конвенција од 2011 година поради родовата идеологија со неконвенционалната дефиниција на машкиот и женскиот род, независно од биолошкиот машки и женски пол, “што може да се менува според волјата на човекот“.

За Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината: Машкиот пол е машки род, женскиот пол е женски род, пишува на Фејсбук Тодор Петров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This