Толку од амнecтијата: Taлибанците од врата на врата „во лoв“ на вработени во paзузнавачките служби и спeцијалните единици на вojckaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците спроведуваат организиран лов на луѓе од својата листа на цели и при тоа се одлично организирани, изјави за Би-би-си Кристијан Нелеман, шеф на норвешкиот Центар за глобални анализи.

-Она што го видовме е дека талибанците имаат прилично напреден разузнавачки систем. Имаат список со имиња на лица и во првите часови од влегувањето во поголемите градови, вклучително и Кабул, тргаат во лов од врата до врата на поранешни владинини вработени, пред се оние во разузнавачките служби и специјалните единици на војската, рече Нелеман.

Тој додаде дека тоа може да доведе до масовни егзекуции.

-И не само до тоа, туку и до масовно разоткривање на методите и разузнавачките мрежи што Западот ги воспостави во Авганистан. Ова во голема мера може да ја поткопа работата на цела низа разузнавачки служби на западните земји, додаде тој.

Во извештајот на норвешкиот Центар до ОН, се наведува дека талибанците создаваат нова мрежа на доушници кои се подготвени да соработуваат со новиот режим.

Американскиот Стејт департмент издаде ново предупредување до американските граѓани во Кабул, повикувајќи ги да дојдат на аеродромот во Кабул „што е можно поскоро“.

-Владата на САД не може да обезбеди безбеден превоз до аеродромот, се вели во предупредувањето цитирано од Си-би-ес њуз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This