ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ ЗА КРСТО МУКОСКИ И САШО ВАСИЛЕВСКИ: Мизерија од луѓе кои немаа тecтиcи да си ја завршат нивната работа, па го наместија народот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на извршниот комитет и актер Тони Михајловски, на својот ФБ профил ги прозва „одметнатите“ пратеници од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василевски како „мизерија од луѓе“ и мажи „без тестиси“ да си ја завршат работата и да го спречат нелегалниот избор на Талат Џафери за претседавач со Собранието. Според Михајловски, токму овие луѓе, откако го наместиле македонскиот народ сега и го продадоа за тендери и слобода


„Крсто Муковски и Сашо Василевски ги отворија вратите затоа што немаа тестиси да ја завршат работата која беше нивна должност, а тоа е да го спречат нелегитимното бирање на Џафери. Па го наместија чесниот македонски народ да влезе и да биде осуден како крвожеден. И сега тие двајца кукавици со целофански срца, помали од кокошкини, ќе се извлечат и ќе лапаат тендери до крајот на своите бедни животи. Мизерија од луѓе.

Заради нив, и отпадниците кои се договорија, утре би излегол на избори. Само, и само да им престане мандатот како пратеници во Парламентот.“ – пишува Михајловски на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This